Низ социјалните мрежи се вртат видео снимките од моментот на атентатот врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе. Од нив се гледа дека тој бил кукавички застрелан од зад грб, додека држел говор на предизборен митинг во градот Нара, во западна Јапонија.
Атентатот се случи денеска во 11:30 часот по локално време. Екс премиерот на Јапонија беше итно префрлен во болницата на Медицинскиот центар во Нара и хоспитализиран без знаци на живот.
И покрај напорите на лекарите, Абе подоцна им подлегна на повредите.
Атентат врз екс премиерот на Јапонија – Шинѕо Абе во критична состојба