Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Je suis Bruxellois! Ik ben Brusseleir!

0
By Светлана Јовановска on March 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Je suis Bruxellois, Ik ben Brusseleir! Со овие зборови американскиот државен секретар Џон Кери во текот на својата куса посета на Брисел и даде поддршка на Белгија која минува низ тешки моменти по терористичките напади. Кери и ја понуди американската соработка не само на Белгија туку и на целата Европска унија.

Факт е дека на Белгија ќе и треба помош и од Америка и од цела Европа. Секој ден носи нов развој во истрагата. Сега е веќе сосема сигурно дека бриселскиот терористички напад е во тесна врска со париските напади. Нови елементи доаѓаат и од другите европски земји.

Германската полиција кај едно лице откри смс порака од Калид Ел Бакрави, бомбашот самоубиец од бриселското метро во која пишува “Крај” на француски, испратена три минути пред експлозијата во метрото Малбек. Си-Ен-Ен објави дека бомбашот од аеродромот се наоѓа на анти терористичката листа на ЦИА уште пред нападите во Париз. А од Грција стаса вест дека во Атина, во стан изнајмен од еден од учесниците во париските напади, се најдени цртежи и карта на бриселскиот аеродром.

Логичен заклучок е дека истрагата мора да биде меѓународна и пред се европска ако сака да биде ефикасна и мора да се води по поговорката: заедно сме посилни. Но, дали земјите членки на Унијата се спремни за искрена соработка и чесна размена на разузнавачки податоци?

Неделава во Брисел се одржа средба на министрите за внатрешни работи на Европската унија која пред се беше симболична, да покаже обединета Европа. Тој симбол политички е значаен.

Но кога се работи за конкретни одлуки за жал Европа е далеку од целта. Да чуеме кои се желбите на Унијата од подпретсетаделот на Европската комисија Франс Тимерманс:

– Важно е министрите да заклучат дека треба да се разменуваат информации на највисоко ниво, повеќе отколку досега и треба да се забрзаат предлозите кои се на маса за да се најдат пари и да се оневзоможат терористите да користат кредитни или припејд карти, да се следи каде е оружјето… Да има добра соработка и да го оневозможиме тие луѓе да дојдат до инструменти со кои носат терор во Европа.

Од време на навреме има мал напредок во иницијативите за размена на отисоци на пример. Но тој прогрес е срамежлив и секоја земја сака да го сочува својот суверенитет во деликатната област на разузнавањето. Или со обични зборови: довербата е практично на нула.

А терористите со нападот во Брисел на сто метри од европските институции јасно ставија на знаење дека целта не се само Белгија или Франција, целта е Европа и нејзината демократија и толеранција. Тие немаат политички барања. Нивната цел е Европа да стане заложник на теророр и стравот.

По откриената смс порака во Германија, станот во Атина, присуството на терористи од франко-бриселската мрежа во Австрија, Унгарија, сите земји членки треба сериозно да стават прст на чело, да ги надминат суверенистичките егоизми и да влезат во длабока соработка.

Ако сакаат да ја спасат Европа а со неа и Шенген зоната, полициско-судската соработка и заедничка анализа на ризиците им се единствената опција. За да не гледаме повторно мачни сцени и минути на молчење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.