Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

0
By Ана Василевска on December 29, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања истакна дека со новиот концепт на даночна реформа се воведува праведен, ефикасен и модерен даночен систем кој овозможува стабилни приходи, економски раст и подобри услуги за граѓаните. Премиерот потенцираше дека за новиот концепт се водеше консултација со Стопанските комори и сите засегнати страни.

„Ќе повторам дека со новата даночна реформа не се предвидуваат нови даноци, не се предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува со една стапка од 10 проценти, се укинува прогресивното оданочување кое требаше да стапи на сила од 1-ви  јануари 2023 година, данокот на добивка останува 10 проценти и не се зголемува, данокот на додадена вредност останува 18 проценти и не се зголемува. Каматите на депозитите и штедните влогови, иако решението требаше да стапи на 01.01.2023 нема да се оданочуваат. Оваа нова даночна реформа претставува ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија со што секој ќе го плати својот фер дел во буџетот и притоа ќе се намали предноста што некои ја имаат заради даночните ослободувања и нееднаквиот третман на либералниот пазар“, рече Ковачевски.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во однос на иницијативата за воведување на данок за екстра профит, истакна дека постои ваква иницијатива која се разгледува низ инклузивен и консултативен процес со повеќе засегнати страни.

„Постои иницијатива за данок на екстра профит кој во различни држави носи различно име. Може и кај нас ќе има друго име. Во Хрватска се нарекува солидарен придонес од страна на компаниите кои остваруваат екстра профити. Сметаме дека воведувањето на ваков данок може да биде во прилог на државата во време на криза.

Овој данок не е непознат и не е ништо ново и таков данок имаат воведено и други земји. Јас сум бил сведок на воведување на вакви даноци во други држави кога сум работел во време на светската финансиска криза кога и во Унгарија се воведуваше ваков данок“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот истакна дека со неговата имплементација би се оданочувал екстра профитот, заради тоа што во време на криза различни компании од разни индустрии како резултат на инфлацијата, на растот на цените остварија екстра профит и сметаме дека тој профит треба да се оданочи.

За оваа иницијатива веќе се разговара со Стопанската комора затоа што сметаме дека ова е важен процес во кој треба да бидат вклучени сите на кои се однесува. Се води дискусијата за нов вонреден данок на екстра добивка по примерот на европските земји.

„Доколку се одлучи да се воведе вонредниот данок би се однесувал на компании што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво. Тоа е приход кој што е за 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек и ќе предвидува дополнително оданочување само на екстра приходите на тој четиригодишен просек“, рече Ковачевски.

даночна реформа Димитар Ковачевски Зголемување на даноците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.