Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски по посетата на НАТО и ЕУ: Се враќаме со силна поддршка која нѐ мотивира да го интензивираме европеизирањето дома

0
By Mirjana on February 4, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ја заврши дводневната работна посета во Брисел.

Во изјавата за медиумите тој истакнува дека лидерите на институциите на ЕУ се едногласни во поддршката за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за отворање на поглавјата без одлагање.

Во изјавата Ковачевски подвлекува дека иднината на Северна Македонија е во европското семејство и дека тоа е иднина на највисоки демократски вредности, на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата и пат кој на младите им создава предвидливост и простор за развој.

-Тукушто ја завршивме последната од серија средби тука во Брисел, во рамки на работната посета последниве два дена. Драго ми е што средбата со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен ја заокружи нашата агенда. Од Фон дер Лајен добивме јасно изразена поддршка за нашиот пат кон Европската Унија.

Овде во Брисел ги известив нашите партнери од Европската Унија за напредокот што го направивме заедно со Република Бугарија во продлабочувањето на добрососедската соработка. Јасна е и поздравена заложбата на двете земји за изнаоѓање решенија и интензивирање на дијалогот.

Низ разговори со нашите пријатели Шарл Мишел во Европскиот совет и Роберта Мецола во Европскиот Парламент, потврдена е отворената поддршка за одржувањето на првата меѓувладина конференција.
Тука сите се едногласни дека Северна Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ веднаш.

Благодарни сме и за солидарноста покажана од страна на Европската Унија за време на целата пандемија. Низ кризите си покажавме што значи да сме Европејци и што значи за Северна Македонија да има потпора во најтешките моменти, изјави премиерот Ковачевски.Нашата иднина е европска, демократска и современа. Тоа е иднината која се темели на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата. Тој е патот кој на нашите млади им создава предвидливост и простор за развој. Во тој контекст, го поздравивме Економскиот инвестициски план за Западен Балкан како значаен чекор кој ќе значи реализација токму на таквите стратешки проекти, заклучува премиерот во изјавата на крајот од дводневната посета на Брисел. 


Посетата ја започнавме со заедничката прес-конференција со Генералниот секретар Јенс Столтенберг во НАТО. Заедно го потврдивме единството по прашањата поврзани со Украина, и потребата од деескалирање и решавање на прашањата со Русија по пат на дипломатија. Бидејќи ние сме НАТО, а НАТО е за мир и дијалог, за сигурност и безбедност.Ја завршуваме работната посета со средбите со драгите пријатели во Европската Унија, домот на кој му припаѓаме. Се враќаме со силна поддршка која не мотивира да го интензивираме европеизирањето дома.

ЈА ЗАВРШИ ПОСЕТАТА НА БРИСЕЛ Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.