Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски во посета на „ИТГМА“ : Со нашата поддршка домашните компании може да се носат рамо до рамо со оние во развиените земји

0
By Ана Василевска on June 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на ИТ компанијата „ИТГМА  ДОО”–Скопје, специјализирана за компјутерско програмирање и консултантски услуги.

Компанијата, која има над 100 вработени, е основана во 2009 година и освен во Скопје, има канцеларии и во Белград, Република Србија, како и во Обединетите Арапски Емирати.

Како што соопштија од владината прес-служба, компанијата е корисник на финансиска државна помош во износ од близу 95 илјади евра, со што го реализирала нивниот План за инвестицискиот проект за периодот од 2020 до 2024 година.

„Денеска сме во посета на една од најуспешните македонски компании, која се занимава со софтверските и консултантските решенија кои ги нуди не само на нашиот пазар туку и вон границите на државата. Тие работат во најразвиените сектори на денешницата во областа на телекомуникациите, областа на финансиите, во областа на банкарството и навистина претставуваат компанија која што не само што е брзорастечка компанија на нашиот пазар туку претставува и место каде младите може да се развиваат и подготвуваат за индустриите на иднината, изјавил премиерот Ковачевски“, при посетата на оваа ИТ компанија.

Тој потенцирал дека Република Северна Македонија не е веќе земја со евтина работна сила.

„Имаме задоволни граѓани кои ќе работат во компании тука во нашата држава, а не да работат во компании надвор од државата, во други земји од ЕУ. Навистина, кога ќе се види искуството на вакви компании кои работат и кои што подготвуваат софтверски решенија за земји, кои ги сметаме за поразвиени од нас тогаш може со гордост да кажеме дека и нашата држава може да се носи рамо до рамо со оние за кои што до вчера сметавме дека се поразвиени од нас во многу делови“, нагласил премиерот Ковачевски и исткнал дека зачленувањето во ЕУ е врвен приоритет за државата.

Според него, зголемениот број странски инвестиции и зголемениот број на работни места се најдобар показател дека нашите граѓани се вредни, образовани и се препознаени кај инвеститорите како додадена вредност во нивните бизнис процеси.

Премиерот, се наведува во соопштението, потсетил и на владините мерки за поддршка на бизнисите.

„Минатата година ја заокруживме со над 750 милиони евра странски директни инвестиции и отворени се над 2.300 нови работни места. Бројката на вработени во технолошко-индустриските зони веќе надмина 17.000, само од 2018 година досега се 10.000 нови работни места. Радува фактот што новите работни места имаат плата што е над просечната плата и тоа е причината зошто платите во државата растат, тоа овозможува да растат и минималната плата, да расте и просечната плата, со тоа растат и пензиите и со тоа се зголемува животниот стандард на граѓаните“, рекол Ковачевски, нагласувајќи дека Владата покажа одговорност со најголемиот пакет на антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра.

Тој истакнал дека успеале да помогнат и на граѓаните, меѓутоа и на компаниите да ја задржат ликвидноста и со тоа да ги задржат и работните места. И затоа денес, подвлекол, имаме 8 проценти намалување на невработеноста и 9,5 проценти зголемување на вработеноста во државата што само го потврдува фактот дека државата економски расте и се развива. Додал дека во текот на 2022 година државата инвестирала 23 милиони евра во директна помош за инвестиции на нашите компании и тоа над 410 компании, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

ИТ компаниите, како што кажал премиерот Ковачевски, се една од движечките индустрии и најголеми корисници на државната помош.

 

Димитар Ковачевски ИТ сектор ИТГМА  ДОО”–Скопје Софтверска компанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.