Трет ден веќе трат жестоките пресметки меѓу англиските и руските навивачи во францускиот град Марсеј, каде вечерва ќе се игра натпреварот меѓу репрезентациите на двете земји во рамките на Европското првенство во фудбал.
Областа Олд Порт е претворена во вистинска воена зона. Денеска интервенираше и полицијата која со водени топови ја растеруваше толпата за да ги спречи жестоките меѓусебни пресметки, кои оставија крв на улиците на градот.
Полицијата успеа да ги забарикадира англиските навивачи на плоштадот кај пристаништетот, додека руските навивачи беа потиснати во околните улички.
На вознемирувачките видео снимки се гледа како еден англиски навивач е турнат на земја и удиран со клоци по главата од страна на руски навивачи. Според медиумите тој о моментов е во болница и се бори за живот.
Локалниот весник објави дека Англичанецот на околу 50 годишна возраст е „меѓу животот и смртта“, откако се добил со голем број удари во главата, а имал и други повреди.
Руските навивачи наводно носеле и ножеви. Шестмина се уапсени.
Натпреварот помеѓу Англија и Русија се игра вечерва во 21 часот.