Претставниците на ССМ денеска од пред владата побараа линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за сите работници во државата и во јавниот и во приватниот сектор и враќање на К-15. Барањата се испорачаа во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по што продолжија на дијалог во владата.