Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Мицевски: Прашајте го Боки 13 како ќе ми ги врати парите

0
By Соња Петрушевска on September 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два часа бизнисменот Сиљан Мицевски денеска даваше исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со случајот „Рекет“.

Мицевски беше повикан во Обвинителството од обвинителката Русковска како лице кое треба да даде „потребни известувања“ за случајот.

Бизнисменот Мицевски, кој исто така е и почесен конзул на Србија во земјава, кажал дека 720.000 евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, како што таа тврдеше.

-Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите, кажа Мицевски, на новинарско прашање на кој начин очекува парите да му бидат вратени.

Тој негира дека имал средба со Боки 13 и рече дека партите ги префрлил преку банка директно на сметка на Сојузот.

Откако изби аферата „Рекет“ пензионерката Лилјана Тодоровска тврдеше дека Сиљан Мицевски префрлил на нејзина сметка пари за авторски договор за изградба на старечки дом. Откако банката алармирала за големиот износ на пари кои биле префрлени, реагирала Управата за финансиско разузнавање, но тогаш Мицевски рекол дека зделката е легална и дека за парите е платен данок.

Вилма Русковска по приведување на Катица Јанева рече дека освен Камчев, исказ дале и други беизнимени кои негирале дека дале пари.

Русковска тогаш не посочи за кои бизнисмени се работи.

Претходно денеска кај обвинителката Русковска беше и водителката Лила Филиповска, блиска пријателка на Боки 13 и члесто пати беа заедно на најразлични манифестаци и на заедничики  патувања.

Филиповска не одговори дали била заедно во автомобилот со Боки 13 беше приведен на граничниот премин Богородица и дали имало торба со пари, ниту пак, дали го посетила во притворот во Шутка, каде Боки 13 е веќе втор месец.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.