НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Могерини стравува од меѓуетничка криза во Македонија

2
By Светлана Јовановска on March 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ не сака да дотура масло на огнот туку сака да ја поттикне стабилноста на Балканот и во Македонија. ЕУ смета на мудроста на претседателот Иванов и капацитетот на Собранието да избере претседател на оваа институција за излез од кризата.

Шефовите на европските дипломатии во Брисел денес ги поддржаа и застанаа зад изјавите на Федерика Могерини кои таа ги даде за време на нејзината посета на Македонија минатата недела. На министерската дебата стана збор и за начинот за излез од кризата во Македонија.

На прашањето на НОВА дали е загрижена за ситуцијата во Македонија, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика одговори:

“Да, загрижена сум но се обидувам да го надминам тоа и да видам каде е потенцијалот за решавање на институционалната и политичка криза. Она низ што Скопје деновиве поминува е се уште институционална криза. Мојот најголем страв е тоа да не прерасне во меѓуетничка криза и тоа основната порака што ја пренесов во земјата кај политичарите: не играјте со оган, не го претворајте ова во етнички конфликт, тоа ќе ја руинира земјата и најверојатно ќе се прошири вон нејзините граници. Верувам дека има инструменти, пред се мудроста на претседателот, капацитетот на Парламентот да избере собраниски претседател и да се деблокира ситуацијата. Оваа институционална криза може да се реши со инструментите кои Скопје ги има, без мешање но секако нормално е пријателите да се грижат за состојбата на партнерите. Веруваме дека има можности за решавање на институционалната криза, средства за тоа во Скопје постојат. Имав искрен и конструктивен разговор со сите политички лидери во Парламентот и се надевам дека мудроста ќе победи”, изјави Могерини.

Најголемиот број министри сметаат дека македонските политичари треба да го почитуваат Уставот на Македонија. Според Мирослав Лајчак Ѓорге Иванов самиот побарал да му бидат донесени потписи за мнозинство во Собранието за да може да го даде мандатот за формирање на владата па оттука треба да го даде мандатот на партијата која ги донела потписите. Словачкиот министер, добар познавач на балканските состојби, рече исто така дека Македонија може да побара помош од ЕУ или од Венецијанската комисија ако самата не знае да излезе од оваа криза.

Лајчак зборуваше и за барањето на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за европска осуда на платформата на албанските партии:

“Имаше министри кои бараа осуда на платформата на албанските партии. Според мене тоа е доста нестандардно и несреќно за земјата некој од надвор да се меша затоа што формирањето на влада е во рацете на домашните политичари. Тој фактор само додатно го искомпликува работите”, изјави Лајчак.

Неговиот хрватски колега Давор Иво Штир додаде дека “во Македонија треба да се сочува стабилноста и како институционално да се дојде до тоа. Беше спомената процедурата на избор на претседателот на Собранието на начин со кој институционално ќе му се пријде на овој проблем. ЕУ не сака да дотура масло на огнот туку сака да поттикне стабилност на Балканот”, изјави Штир.

Западен Балкан

Општиот заклучок од денешната дебата за Балканот е дека “проширувањето треба да биде политички процес а не толку технички како што е сега, ЕУ да престане да се прави дека нуди ЕУ перспектива а земјите на Балканот да престанат да се преправаат дека прават реформи и да станеме сериозни едни кон други”, изјави словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак. Според него “понудата на ЕУ за регионот е најдобрата”.

Официјален и пишан заклучок од оваа министерска дебата нема. Заклучокот ќе го донесат лидерите на ЕУ на нивниот самит во четврток. Главно мени на вечерата на лидерите на ЕУ ќе биде токму Балканот.

НОВА успеа да дојде до заклучокот за Балканот што лидерите на ЕУ ќе го објават во петок:

“Европскиот совет дебатираше за ситуацијата на Западниот Балкан и ќе продолжи и понатаму да ја разгледува. Потсетуваме дека и даваме поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан, Европскиот совет подвлекува дека ЕУ останува посветена и ангарижана во овој регион, ја поддржуваме стабилноста и продлабочување на политичките и економски врски со и во овој регион. Во тој контекст Европскиот совет го поздравува одржување на самитот на Западниот Балкан кој ќе се одржи на 12 јули во Трст.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.