На централната свеченост, како што објави претседателот на државата Стево Пендаровски, пригодна реч ќе има Никола Ристановски со пораки за Илинден. На свеченоста ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот за албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и воениот оркестар на Армијата.
– На Мечкин Камен ќе оддадеме почит на Илинденците коишто загинаа во одбраната на Крушевската Република, напиша Пендаровски.