Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

[Видео] Николовска: Записите на маргините на црковните книги и ракописи зборуваат поинаку за животот и историјата

0
By Marija Todorovska on March 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преземено: Рацин.мк

Првата книга на Кристина Н. Николовска, „Национални митови од маргините: факти и фикции во предмодерните црковнословенски записи“, поттикнува на нови толкувања на неколку значајни црковнословенски записи и отвора прашања за преиспитување на начините на употреба на овие текстови во моментот на нивното создавање, но и во современата книжевна историја.

Кристина Николовска, доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ во Скопје, во интервјуто за порталот Рацин.мк, осврнувајќи се на нејзината прва книга истакнува дека книгата е пишувана во долготраен процес и дека со записи на маргините се занимавала во текот на нејзините докторски студии во Лондон и во Берлин, за време на постдокторските истражувања во Букурешт, САД и Софија, каде што има архиви со голем број на ракописи на црковно словенски јазик.

Ја прашавме зошто љубителот на книгата би ја купил книгата, што би можел да научи од книгата.

„Прво треба да биде подготвен дека во оваа книга можеби нема да ја најде приказната што ја знаел од претходно. И тоа подразбира нели, да сме отворени за некакви алтернативни приказни, алтернативни не само затоа што ова се малечки фрагменти не многу познати за широката јавност, туку и велам дека ова е книга што е различна од многу други што се тука објавени, затоа што читањето е поинакво на тие книжевни текстови. Јас да речеме би, да не бев јас авторката мене би ме фасцинирала таа историја на пишување по маргините“, посочува Николовска.

Наведувајќи дека станува збор за илјадници разновидни маргинални записи,  Николовска во предговорот на книгата вели дека колку повеќе се задлабочував во локалната историја на некој манастир во кој ги истражувала црковните ракописи и книги, толку појасно станувало дека записите зборуваат поинаку за животот и историјата или за средбите меѓу православните домаќини и нивните иноверни гости, од она што ние го претпоставуваме.

 

„Имаше некои прашања којшто ми беа особено интересни. Бидејќи не се совпаѓаше  она што јас го видов, со тоа што, нели, сум го читала и сум го знаела од претходно. Ме интересираше како луѓето пишуваат за себе, да речеме какви лични наративи има тоа, претпоставувајќи  дека тоа се некакви записи којшто се слични на денешните дневници или мемоари. Но се изненадив бидејќи ова се записи којшто се пишуваат строго конвенционално, нели тоа значи дека авторите следат некакви правила и многу малку имаме некакви отстапки којшто би не потсетувале на она што е автобиографија или дневник во модерно време“, нагласува Николовска.

Во однос на тоа за какви записи станува збор, Николовска истакна дека има записи на писарите, записи од посетители на црквите, записи од луѓе кои што се обидуваат да ги спасат ракописите од некакви продажби.

Професорката подвлекувајќи дека во книгата истражува и за тоа  како јужнословенските  автори пишуваат за османлиското владеење во регионот во тој период, додаде дека имало разновидност во наративот во пишувањето потсетувајќи дека тие ракописи се пишувани на огромна територија.

„Значи ние имаме еден наратив којшто трае постојано дека, нели црквата била чувар на нашиот идентитет. Јас тоа не го спорам тоа во книгата, меѓутоа мора да разбереме дека станува збор за огромен период од пет века и дека овие ракописи исто така се пишувани на огромна територија. И успеав до некаде да покажам дека начинот на којшто авторите се позиционираат главно зависи од политичкиот однос меѓу, нели црквата и школите во тој регион со Султанатот. Така што имаме една разновидност којашто официјалниот наш наратив ја сокриваме, таа разновидност е прикриена на некој начин“.  

Посочувајќи го примерот од записите од територијата на Охридска архиепископија или околу Охрид, таа рече дека пред падот на Константинопол авторите пишуваат исклучително позитивно за Султаните, дури ги именуваат со истите епитети со којшто претходно пишуваат за православните владетели.

Николовска во интервјуто осврнувајќи се на вториот дел од насловот на книгата која гласи „факти и фикции во претмодерните црковни записи“ истакна дека овие текстови често пати се славени од научниците како нешто од каде треба да ја црпи вистината и дека тие текстови не можат да бидат преиспитани.

Од друга страна, како што дод ава професорката некои историчари ги отфрлаат овие текстови со образложение дека се  некакви книжевни фрагменти којшто се премногу  реторички и таму не може да се бара вистината.

„Јас се обидов да кажам дека не е задачата на истражувачот да одредува толку што е вистина, а што лага, туку се обидов да покажам какво значење имање овие наративи во времето којшто биле создавани, за таа заедница која што ги создава којашто ги пишува и која што прави тие текстови да циркулираат на голема територија“, подвлече Николовска.

Истакнувајќи дека ја фасцинира таа историја на пишување на маргините, професорката подвлече дека тие што ќе ја купат книгата треба да бидат подготвени дека во оваа книга можеби нема да ја најдат приказната што ја знаеле од претходно и дека треба да се отворени на алтернативни приказни.

„Значи има повеќе теми којшто оваа книга ги допира, да речеме она прашање врзано за вистината и за автентичноста. Нашата книжевна наука за разлика, да речеме од некои автори, научници од регионот којшто ги преиспитуваат овие книжевни текстови, сѐ уште го немаат направено тоа“, рече таа.

Потпирајќи се на специфичните книжевни конвенции од една страна, и на локалниот контекст, од друга, Николовска нагласи дека книгата е некој баланс помеѓу академското истражување и она што е лесно и разбирливо за читање.

интервју Кристина Николовска црковни книги цркословенски записи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.