Два дена по окупацијата на парламентот кога голема група хулигани пропуштени од полицијата ги претепаа опозициските пратеници, се појавија нови видео снимки објавени од „Фокус“ на кои што се гледа како член од насилната група извикува „Убиј го Заев“.
Пратениците од опозицијата со раскрвавени глави се спикани во ќошот во прес центарот во Собранието, пред нив стои малубројното лично обезбедување на лидерот на СДСМ Зоран Заев и екс-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тука е и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев којшто стои пред пратениците со намера да ги заштит и безуспешно се обидува да ги смири насилниците.
https://youtu.be/ikwMwzx4Bxc