Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Ок претседателе, Америка ќе биде прва. А втора?

1
By Нова ТВ on February 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европа не се предава така лесно. Се согласува со тоа дека Америка треба да биде прва како што сака Доналд Трамп. Но почна и борбата за второто место во светот. Европските земји почнаа да ги претставуваат нивните убави и “убави” страни кои можат да му се допаднат на Трамп.

Но, да не ви раскажуваме. Погледнете сами.

Прва почна Холандија. Трендот почна со клипот на сатиричното шоу “Недела со Лубах” кое доби над 16 милиони кликови во само неколку дена на интернет.

Веројатно сте виделе како Холандија се шегува со Трамп имитирајќи го неговиот глас и неговите омилени изрази. Еве го уште еднаш.

Потоа Швајцарија реши дека треба да го крене својот глас. Преку ноќното шоу на комичарот Девил: “И ние знаеме лошо да ги третираме жените. Тоа ни се допаѓа. Не им дозволивме да гласаат до 1971 година. А во некои места ни до 1990 година”, се шегуваат Швајцарците со односот на Трамп кон жените.

Следи Германија со ноќното сатирично шоу “Нео кралски магазин” во кое се шегува со нивното нацистичко минато и берлинскиот ѕид.

Не заостанаа ни Данците и направија видео во шоуто “Натхолдет” во кое, помеѓу другото, се шегуваат со климатската скепса на Трамп.

Португалија има исто така свое ноќно сатирично шоу “5 Para A Meia-Noite” во кое му се претстави на Трамп:

“Нашиот татко основач и прв крал кој се бореше против неговата мајка – курва – и ги исфрли Арапите кога тие сметаа дека ова е нивна земја. Да. Онака скроз ги исфрли. Арапите. Знаеме дека сега мислите: нашиот прв крал би бил одличен секретар за одбрана. Но не е жив повеќе. Тажно”.

Следат Белгијанците од Фландрија со шоуто со име “Идеален свет” во кое потсетуваат на зборовите на Трамп од неговата кампања кога рече дека Брисел е “дупка за стаорци”:

“Навистина, Брисел е голема дупка за стаорци. Но остатокот на Белгија е фантастичен. Навистина фантастичен. Верувајте. Освен франкофонскиот дел на земјата се разбира бидејќи ние нив ги мразиме. Тие се како белгиски Мексиканци”.

Шестата земја е Литванија во шоуто «Laikykites Ten» во кое се вели дека една така мала земја не заслужува второ место, може и трето но сепак има што да му понуди на Трамп.

Направен е и сајт со сите европски земји помеѓу кои е и Македонија. Сега останува и другите 38 европски земји да направат свое видео со кое ќе му ги претстават сите нивни страни кои би можеле да му се допаднат на новиот американски претседател.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.