(Вознемирувачки видео снимки) Активистите тврдат дека над илјада луѓе загинале откако воените сили извршиле напад со хемиско оружје во предградието на Дамаск, меѓу загинатите има многу жени и деца, според ОН се работи за „сериозна ескалација на судирите“.
Пренесува BBC повикувајќи се на претставниците кои учествувале на состанокот. Одлучено е инспекторите за оружје кои веќе се наоѓаат во Сирија, веднаш ќе бидат упатени наместот на случувањето.
Сириската влада ги негираше обвинувањата и рече дека се „нелогични и измислени“ па демонстрантите сакаат на тој начин да ја оправдаат загубата која ја претрпеле.
„Мора да се разјасни што се случило навистина, внимателно ќе ја следиме ситуацијата“, рече Аргентинката Мара Кристина Перцевал, претседател на Советот за безбденост на ОН. Генералниот секретар побара Бан Ки Мун побара непристрасна и темелна истрага.