По над 15-ина дена изборна кампања за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат во недела (13.04.2014), кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски со ново видео ги потсетува граѓаните да гласаат за промени.
„Почитувани граѓани,
Со оваа порака сакам да Ви се заблагодарам од срце за поддршката што ми ја дававте во изминативе денови. Но, доаѓа денот кога таа поддршка треба да се преточи во резултат.
Во Недела на 13ти Април е првиот круг на Претседателските избори. Гласајте масовно за да ги направиме нужните промени во Република Македонија. Тие промени можеме да ги направиме само заеднички. Се гледаме во недела“, вели Пендаровски во своето обраќање на социјалната мрежа Фејсбук.
Тој кампањата ја започна токму од „Фејсбук“ преку он-онлајн комуникација со граѓаните.