Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

[Видео] Петар Стевановиќ, еко – активист: Со „Генералките“ ни е убаво затоа што сме направиле некоја промена

0
By Marija Todorovska on May 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Еко активистите, во организација на невладината организација „За почиста Македонија“ и центарот „Лабораториум“, пред неколку недели  ја исчистија депонијата кај Аквадуктот, археолошкиот локалитет од 6 век, кој претставува една од позначајните знаменитости на градот.

Активистите порачуваат дека младите треба да бидат пример за зачувување на животната средина. Нивната цел, како што велат од организацијата, не е само да се чисти само за да биде почисто, туку да се инспирираат и мотивираат што повеќе луѓе да се грижат за нивната околина и да бидат активни во нејзиното сочувување.
Затоа нивниот слоган гласи: „Не барајте човек за пример. Бидете примерот!“

Со Петар Стевановиќ разговараше Хусаметин Гина

За тоа како се роди идејата за чистењето на Аквадуктот, како се реализираше акцијата, и за многу повеќе детали, порталот Рациун.мк разговараше со Петар Стевановиќ основач на невладината „За почиста Македонија“.

Идејата за формирањето на невладината организација доаѓа од  скопските планини. Петар и неговите пријатели при искачување по планините забележуваат ѓубре на патот по кој се движат. Назад се враќаат со неколку ќеси ѓубре кое го собираат при нивната прошетка. Најпрвин почнуваат со објавување на видеа, разни стории, фотографии на социјалните медиуми, потоа во јули 2020 година ја формираат невладината организација. Моментално активни се четири лица, а десетина луѓе секогаш учествуваат на акциите за чистење на околината. Исто така на нивните чистки се приклучуваат голем број на волонтери, љубители на природата.

На прашањето од каде потекна идејата за чистење на скопскиот Аквадуктот, Петар истакна дека покрај посочувањето на неговите пријатели којшто го имаат посетувано Аквадуктот имало критика и од германски турист, кој конкретно им напишал порака за ѓубрето на локалитетот.

 „Повеќе места беа во опција. Но Аквадуктот ни беше некако најблиску и нај пристапен, а исто беше и доста прљав  да речеме, доста ѓубре имаше на тоа место. И бевме сигурни дека би собрале околу 20 луѓе. Лесно достапно. Затоа се одлучивме. Притоа имаше и критика од гостин од Германија којшто дошол во Македонија, го посетил. Ни имаше нас пишано конкретно. И тоа исто ни даде како мотив да го исчистиме“.

Истакнувајќи пофални зборови за маркетинг тимот на невладината „За почиста Македонија“ кој успева да собере голем број на волонтери, Петар нагласи дека нивната цел не е само чистење на ѓубрето, туку со тие акции сакаат да ја зближат заедницата и луѓето да се чувствуваат дека навистина нешто менуваат во општеството.

Осврнувајќи се на денот на акцијата за чистењето на Аквадуктот, Петар рече дека имало премногу отпад од секаков вид, пластичен, градежен шут, душеци, кревети, па се до вц школки.

На акцијата, според Петар учествувале околу 30 волонтери од различна возраст. Во пресрет им излегол Комунална хигиена- Скопје кој со камиони го собрал отпадот.

Додавајќи дека после секоја чистка интересот на приклучување на младите во акциите е се поголем, Петар рече дека младите чувствуваат дека  не се работи за некоја политичка кампања.

„Обично секогаш остануваме некое време после акцијата, не трчаме одма сите да избегаме дома. И многу е убаво. Затоа што на тие акции се создаваат нови другарства и нови идеи се разменуваат. Секогаш ние се чувствуваме убаво дека сме направиле некоја промена.  И луѓето што доаѓаат, тоа што го кажав претходно и они ја добиваат таа вредност дека направиле некоја промена. И секогаш добиваме позитивни коментари, дури и после тоа на Инстаграм на Фејсбук кога објавуваме на социјалните медиуми. Поготово за оваа чистка, направи таков бум што мислам дека 2 до 3 недели секој ден се објавуваше, се реобјавуваше што се гледа дека на луѓето им беше драго“.

Нагласувајќи дека неговата свест кон екологијата и почиста природа доаѓа уште од  мали години кога одел на гости во село кај бабата и дедото, Петар рече дека од тоа време веќе почнал да прави разлика, да препознава што е чиста природа.

За тоа дали ваквите акции, чистки се доволни за подигнување на јавната свест кај граѓаните, Петар рече:

„Ние веруваме дека можеби не е ова нештото што одма ќе ги преобрази луѓето, ќе ги смени да бидат свесни, но од некаде мора да се почне. Ние почнавме од тука. Сакаме да напредуваме, да идеме на други да речам  методи, начини каде што ќе ја креваме јавната свест. Но засега гледаме дека ова се повеќе и повеќе влијае. Во глобала влијае на луѓето што се веќе свесни. Но ако ништо друго им дава нив надеж они на свој начин да продолжат да се борат и можеби да најдат и други начини како да ја креваат јавната свест“.

Еко активистот Петар исто така потенцираше дека јавната свест кај граѓаните може да се подигне и преку медиуми, еколошки акции, филмови, музика.

Според Петар, во јавноста фидбекот од чистката на Аквадуктот бил позитивен, и оваа акција од сите досегашни добила најмногу позитивни коментари.

На фејсбук профилот на невладината најчестите коментарите од видот: „Секоја чест, браво!“, „Надеж, браво!“, „Мотивирате и инспирирате, браво!“.

На прашањето, дали Скопје е чист град, Петар рече дека на прв поглед може да се види дека е чист, особено градскиот парк, центарот, но откако ќе погледнеш во некои затскриени делови на градот, жардињери или некаде каде што се гради, секогаш има расфрлано ѓубре.

Тој исто така додаде дека аплицираат, бараат фондови за нови еколошки акции, но во меѓу време учествуваат во еколошки акции на други невладини организации.

Преземено: Рацин.мк

аквадукт еко активисти лабораториум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.