Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Петличковски: Вакцинирајте се и не верувајте на нестручни и шарлатански анализи на ковид-19 бројките

0
By Sashko on February 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: facebook/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подобрување на епидемиолошката слика на ковид-19 кај целокупното население, но зголемување на инфекциите со коронавирус кај лицата од 6 до 14 години. Препораки за вакцинирање на невакцинираните граѓани и примање на бустер или трета доза на веќе вакцинираните граѓани. Со скринингот се сака да се опфатат случајни минувачи, а не оние лица кои имаат потреба. Ова се главните пораки од прес-конференцијата на Комисија за заразни болести на која говореа претседателот Александар Петличковски и портпаролот Злате Мехмедовиќ.

Според индикаторите, за минатата недела бележиме зголемување на бројот на случаи на коронавирус кај лицата на возраст од 6 до 14 години. Простор за загриженост нема, но, сепак, треба да се придржуваме до пропишаните протоколи за настава со физичко присуство, со апел и до родителите и до учениците да го прифатат теститарњето за што се отворени и неколку дополнителни пунктови. На пример, во Скопје од денеска се пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит пазар, за закажување на термини преку матичен лекар. Дополнително, планираме да отвориме и пунктови низ држава, тоа се оние на Центрите за јавно здравје, со цел да го скратиме периодот за закажување на термини, истакна доктор Петличковски во обраќањето пред новинарите по денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести. 

На состанокот на Комисијата за заразни болеста била дискутирана и смртноста од ковид-19 во државата и сите анализи, дополни доктор Петличковски, јасно упатуваат на фактот дека најголем дел од починатите се невакцинирани или нецелосно вакцинирани или вакцинирани со две дози пред повеќе од шест месеци.

Оттука произлегува силен апел до сите граѓани да се вакцинираат и да примат трета доза, бидејќи вакцинирани со трета доза, без коморбидитети, практично нема меѓу починатите, а бројот на хоспитализации се многу малку. Третата доза исклучително ефикасно штити од хоспитализација и смрт и тоа се најпроверливите и најважните научни факти кои мора да се јасни на секој од нас. Деновиве гледаме разноразни нестручни дебати, ќе ги наречам шарлатански, кои ги доведуваат во прашање овие податоци. Но, овие податоци се најрповерливи и апсолутно најсилни, нагласи Петличковски.

Целта со скринингот, дополни тој, е да се опфатат случајни минувачи, а не оние кои доаѓаат наменски да се тестираат.

„Сакаме да тестираме случајни минувачи, а не луѓе кои имаат потреба од тестирање за да имаме подобар увид во состојбата со имунитетот на коронавирус на терен. Затоа и не ги откриваме локациите на кои се одвива процесот. Во текот на вчерашниот ден собравме околу 200 примероци, почнуваат да се анализираат и за брзо време ќе имаме податоци. Планот е за Скопје да собереме околу 1.000 испитаници, веројатно на пет различни локации. Очекувам во текот на наредната недела да имаме првични податоци за серопреваленцата во Скопје. Паралелно со тестирањето во Скопје, тестираме и низ државата, со тоа што насекаде нѝ помагаат трансфузиолошките заводи“, појасни претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.