Германската канцеларка Ангела Меркел вчера го посети поранешниот нацистички логор Дахау, но предизвика и згрозување со постапката потоа.
Меркел е првиот канцелар во германската историја која го посети Дахау. Во таа прилика таа изјави дека посетата на ова место ја исполнилоо со тага и срам и дека се работи за историски чин без преседан.
Посетата секако не би била ништо посебно ако не се случува во предизборие. Политичките сопарници го оквалификуваа за невкусен потегот кој Меркел го направи после тоа – отишла на предизборен собир, кој се одржувал во пивски шатор и таму испила голема кригла пиво.