Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Пораката од уметникот Брет Бејли за Светскиот ден на театарот

0
By Нова ТВ on March 27, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Под стеблата и малите села и на технолошки напредните сцени во глобалните метрополи; во училишните сали, на полињата и во храмовите; во сиромашните квартови и на градските плоштади, во месните заедници и во урбаните подруми, луѓето ги привлекува заедништвото на ефемерните театарски светови кои ги создаваме за да ја изразиме својата човечка сложеност, својата разноликост, нашата ранливсот, преку своето крв и месо, здив и глас.

Се собираме за да липаме и да се сеќаваме, за да сакаме и размислуваме, за да учиме и утврдуваме, и да замислуваме. За да ја освестиме заедно нашата способност да создаваме убавина, сомилост, но и да правиме чудовишни работи. Доаѓаме да впиеме енергија и сила. За да го славиме богатството на различните култури и да ги срушиме границите кои нѐ делат.

Каде и да постои човечко општество, се манифестира нескротливиот дух на изведбата. Се раѓа во заедница, и носи маски и костими на нашите разнолични традиции. Ги користи нашите јазици, ритми и гестови, и отвора нови простори пред нас. А ние, уметниците кои работиме со тој древен дух, чувствуваме потреба да го канализираме преку нашите срца, нашите идеи и нашите тела, за да ја разоткриеме сета прозаичност, но и сета блескава таинственост на нашата стварност.

Но, во ова време во кое милиони луѓе едвај преживуваат, страдаат под опресивни режими и под грабливиот капитализам, бегаат од судирите и неволјите, во кое во нашата приватност чепкаат тајните служби, а нашите зборови ги цензурираат самоволните власти, во кое шумите се уништуваат, животинските видови се истребуваат, а океаните се загадуваат: што всушност имаме потреба да разоткриеме?

Во овој свет на нееднакви односи на моќта, во кој различни хегемонски поредоци се обидуваат да нѐ уверат дека една нација, една раса, еден род, една сексуална ориентација, една религија, една идеологија, една културална рамка е супериорна над останатите, може ли навистина да се бранат тврдењата дека уметноста би требало да биде незасегната од општествената агенда?

Дали ние, уметниците на арената и сцената, ќе се поведеме од стерилните потреби на пазарот или ќе ја зграбиме моќта која ја имаме, моќта да создадеме чист простор во срцата и умовите на општествата, да собереме луѓе околу нас, да ги вдахновиме, маѓепсаме и информираме, и со тоа да создадеме свет на надеж и искрена соработка?


Јас гледам театар секаде, во секое општество, култура, во секоја уметност. Јас гледам театар секогаш. Пријатели, колеги, вљубеници на театарот, залудни би биле сите напори за да ја разоткриеме неговата тајна, залудни се и овие мои мали зборови за да се запрашаме или замислиме што сакаме од себеси во него. Единствено ни преостанува да го признаеме, не само со рефлекторите или другите магични средства, туку длабоко во срцето, нека ни затрепери, па макар и да боли – патот до него, порача актерката и режисерка Ѕвезда Ангеловска по повод Светскиот ден на театарот, 27 март.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.