Над 20.000 присутни на музучкиот фестивал „Тумороуленд Јунајт Спејн“ што се одржува во шпанскиот град Барселона биле евакуирани доцна синоќа, откако избувнал пожар на сцената.
Организаторот на фестивалот објави дека пожарот бил предизвикан од петарда што паднала на сцената и ја запалила целата конструкција на бината.
https://www.youtube.com/watch?v=JZJz0InuuGk
Инцидентот се случил неколку минути пред стартот на настапот на американскиот ди-џеј Стив Аоки.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а сцената целосно изгорела. Полицијата соопшти дека евакуацијата била направена мирно без предизвикување паника. Нема информации за повредени при инцидентот.
