На доделувањето на највисокиот орден на Франција – Големиот крст на Легијата на честа, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел пред камерите срдечно се прегрнаа и бакнаа.
Според француските медиуми, Макрон и се заблагодарил на Меркел за се што го научила и за се што направила за Европа.
WATCH: Clearly a close bond between Merkel and Macron, as he bids farewell to the German Chancellor
Merkel looks quite emotional by the end pic.twitter.com/3qmbh7YC7R
— Darren McCaffrey (@DarrenGBNews) November 4, 2021
По 16 години на власт, Меркел е на прагот да се повлече од активната политика.
За прошталната посета на Ангела Меркел, Елисејската палата го избра Бон, град „чии историски споменици и винската култура го илустрираат богатството на француското наследство“, соопшти Елисејската палата.
По прошетката низ историскиот центар, тие ја посетија болницата во Бон, архитектонско богатство од 15 век во готски стил. Во 1993 година, старата болница, светски позната по своето винско земјиште, ги прими Франсоа Митеран и Хелмут Кол за 63-от француско-германски самит.
Но, додека двајцата лидери останале таму на вечера, Макрон и Меркел ќе одат со своите сопружници во замокот Кло де Вужо, симбол на Бургоњ, кој се наоѓа во центарот на винарскиот регион.
Во текот на вечерта Макрон на Ангела Меркел ќе и го врачи Големиот крст, највисокото одликување на Легијата на честа. Овој орден, кој го добиле Конрад Аденауер, Вили Брант, Хелмут Кол и Герхард Шредер, ја претставува цврстината на француско-германското пријателство што го одржува Ангела Меркел, соопшти француското претседателство.
Од претседателските избори во 2017 година, личното и професионалното пријателство меѓу Макрон и Меркел значително напредуваше. Со текот на времето, според многубројните сведоци, тие успеале да изградат цврст однос на доверба.
Во последните месеци францускиот претседател ја пофали посветеноста, трпеливоста и капацитетот на германската канцеларка да слуша.
Пред Макрон, Меркел мораше да се приспособи на многу различните карактери на Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд.
Германската канцеларка ја напушта политиката по формирањето на новата влада, што се очекува во декември. Социјалдемократите (СПД), победниците на парламентарните избори на 26 септември, преговараат за владата заедно со екологистите и либералите. Доколку успеат, ќе ја наследи актуелниот министер за финансии, социјалдемократот Олаф Шолц.