Навивач во Турција пукал во телевизорот кога Бурак Јилмаз го промаши пеналот за време на синоќешниот фудбалски натпревар Португалија – Турција.
При водство од 2:1 за Португалија, Турција во 85. минута добива шанса да изедначи преку пенал и можност да се играат продолженија на натпреварот. Но Јилмаз, за несреќа, успеа да го промаши пеналот и Португалија се пласираше во финалето на баражот за СП во Катар.
Јилмаз денеска објави дека се збогува со турската репрезентација откако го промашил пеналот.