Данската полиција соопшти дека неколку луѓе се застрелани попладнево во трговски центар во Копенхаген. Полициски извори наведоа дека едно лице е уапсено во врска во пукањето во трговскиот центар „Филдс“, кој се наоѓа во близина на градскиот аеродромот.
Полицијата на Твитер објави дека „неколку луѓе се повредени“, без да наведе други детали, јавува АП.
На снимките од местото на настанот може да се видат луѓе кко истрчуваат од трговскиот центар, а данската телевизија ТВ2 објави фотографија со човек кого го ставаат на носилка. Очевидци изјавија дека исплашени луѓе плачеле и барале засолниште во продавниците.