Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Рангелова: Надминете се себеси и поддржете го новиот Закон за абортус

0
By Соња Петрушевска on March 4, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бурна и тензична дебата во Комисијата за здравство во Собранието предизвика новиот Предлог – закон за прекинување на бременоста, со кој се укинуваат административните бариери, односно чекање од три дена по советувањето, една година меѓу два абортуси, како и обврската при ехосонографскиот преглед да ги слушаат срцевите тонови на бебето, што може да влијае на нејзината волја.

Поддршка за измените даде и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова која кажа дека иако законот го носи друга Влада, таа ќе гласа за него.

„Ако се надминете себеси, ќе го подржите Предлог – законот. Познавам многу жени кои одеа во странство за да абортираат. На жените треба да им се овозможи самите да одлучат. Затоа поради популизам немојте да го спречувате донесувањето на овој Закон кој е во корист на жените“ рече Рангелова.

Законот кој беше донесен во време на министерувањето на Никола Тодоров во 2013 година, предизвика реакции и протести од невладините организации. Со Законот, жената мораше да поднесе барање  до првостепена комисија и да чека одобрување во случај кога бременоста е по десетата недела, а гинекологот не се согласил со прекинувањето на бременоста. Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, минатата година се извини на жените поради Законот за абортус.

На денешната јавна расправа во Собранието, министерот за здравство Венко Филипче рече дека „мајчинството е ексклузивно право на жената, на бројот на деца, доколку таа сака“.

„Тоа не е работа на судии, попови, оџи, лекари, а најмалку на политиката да одлучува за ова право на жената. Наша задача е да обезбедиме услови тоа право жената да си го добие, а државата да обезбеди институции и експертиза за тоа квалитетно и стручно да се заврши“, рече министерот  Венко Филипче.

Претседателката на Комисијата за здравство Мирсаде Емине Хасани рече дека претставниците на верските заедници имаат право да го кажат свoето мислење и дека религија и верата се лично право, но не непоканети во законодавниот дом.

Во Собранието дојдоа и претставници на верски заедници, но бидејќи тие не биле поканети од собраниската комисија, туку од невладини здруженија  не им беше дозволено да учествуваат во дебатата.

Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет, рече дека со измените на законот се олеснува пристапот до безбеден абортус и кажа дека му заблагодарува на Собранието што не дозволило на јавната расправа да дојдат претставници од верските заедници, кои не биле поканети на расправата, а сакале да влезат.

„Ние носиме световни закони, а не верски и ова е секуларна држава“, рече Пировска.

Со новиот Предлог-закон жената веќе нема да има потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да биде принудена да објаснува зошто сака да ја прекине бременоста и никој друг нема да решава прекинот на бременоста. Правото на жената за прекинување на бременоста е само нејзин избор.  Новиот Закон предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена.

Пред зафатот за прекин на бременоста лекарот е должен да ја информира жената за постапката за прекинување на бременост, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената за да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност. Овој закон и дава право на жената соодветно да одлучи за прекинување на бременоста до 22 гестациска недела, а не како до сега до 12 недела.

Од невладината организација „Срце што бие“  обвинија дека со Законот жената „веднаш се става во хируршка сала“ и дека не се води грижа за неродените деца.  „Ова е рестриктивен закон што не и дава време на жената да размисли и затоа сме нација во изумирање“ рекоа од невладината, што предизвика негодување од присутните.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.