„Дух“ е пригодно име за леталото кое е осмислено да биде речиси целосно невидливо. Но, дури ни најдобрата стелт технологија на бомбардерот Б-2 очигледно не може да се сокрие од очите на сателитите на Google.
Имено, Стелт бомбардерот Б-2 снимен е на сервисот на Google Earth како надлетува една фарма во сојузната американска држава Мисури, пишува РТС.
Две милијарди долари вредното летало го забележал корисникот на Редит, кој тоа го подели на социјалната мрежа. Неговиот пост привлекол големо внимание. Лајкуван е 110.000 пати а под него биле оставени 3.000 коментари.
На снимката се гледа Б-2 бомбардерот кој го надлетува руралниот дел западно од Канзас Сити , што и не е чудно бидејќи на 30 километри јужно се наоѓала воздухопловната база „Вајтман“.
„Делува прилично смешно. Имате стелт бомбардер кој ја надлетува куќата на фармерот и неговото поле како некој авион за запрашување, прокоментира корисникот кој го откри „духот“.