Во Мумбаи, финансиска и културна престолнина на Индија, се урна веќе оштетена станбена зграда, пришто три лица ги загубија животите, а 11 се повредени, соопштија официјални лица.
Четирикатната зграда се урна вчера вечер во областа Курла во Мумбаи. Десетина спасувачки екипи ги расчистуваа урнатините со цел да пронајдат најмалку четворица станари кои сè уште се заробени, пренесуваат индиските медиуми, повикувајќи се на локални официјални лица.
Уривањето на згради е вообичаена појава во Индија во сезоната на монсуни од јуни до септември, во која силните дождови ги ослабуваат темелите на лошо изградените објекти.