Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Што ги мачи европските земјоделци – масовните протести не запираат

0
By Mirjana on July 9, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Полска до Шпанија земјоделците го изразуваат своето незадоволство од многуте проблеми што ги мачат. Протестите на земјоделските производители стануваат се почести и интензивни низ Европа. Овој сектор беше првиот на удар од кризата која го зафати целиот свет, како и рестрикциите поврзани со „Зелениот договор“ на Европската унија. Пореметувањата што ги мачат земјоделците се разновидни. Најголеми проблеми се ниските откупни цени, високите цени на производствените трошоци, пред се вештачките ѓубрива и горивата. Се поголем дел од населението ги поддржува земјоделците, пренесува Агроклуб. Во април полските фармери предводени од Агрунија, националната организација на фармери, протестираа пред зградата на полското Министерство кога донесоа повеќе од еден тон јаболка. Тие укажаа на проблемот со откуп на овој вид овошје, поради што многумина отидоа во стечај или ги оставија своите имоти.

Во организација на Агроунија неодамна се истури жито пред канцеларијата на Јацек Сашин, вицепремиер. Преголемото количество украинско жито кое стигна на полскиот пазар предизвика вештачка криза.

На 7 јули во Варшава се одржа голем протест на земјоделците, на кој беше изразено незадоволство од политиката која не ги поддржува селските производители и не се бори против инфлацијата, туку наметнува се поголеми маржи и ги девалвира домашните земјоделски производи.

Житариците во Полска имаат најниска цена во цела Европска унија, а жито од новата реколта никој нема да купува. Земјоделците немаат можност да го продаваат својот род и нема да имаат финансиски средства за следната сеидба.

Сè потешко е да се биде земјоделец во Шпанија

Земјоделците повторно ги блокираа патиштата, најмногу во регионот на Андалузија. Протестите се насочени против високите цени на горивата и основните прехранбени производи. Во март протестираа 150.000 земјоделци од цела Шпанија.

Веќе во јуни инфлацијата беше над десет проценти. Земјоделците од Андалузија протестираат главно поради инфлацијата и енормното зголемување на цените на енергијата и храната. Тие беа облечени во жолти елеци и излегоа на автопатите со своите трактори.

Холандија на нозеВластите се обидуваат да ги задржат и запрат протестите кои ја потресуваат Холандија во последните неколку дена. Низа закони се обидуваат да спроведат регулатива за емисија на азотни материи и амонијак. Тоа значи намалување на бројот на добиток на фармите, но голем број сточари, особено во близина на природните резервати, би морале целосно да престанат да се занимаваат со земјоделско производство. Владата подготви пари за откуп, но земјоделците не се откажуваат од борбата за своите имоти.

Протестите од ден на ден се се поинтензивни. Сточарите почнаа да го изразуваат своето незадоволство со заклучување крави во амбари, протестирајќи против дозволите за пасење. Продолжи со блокирање на автопатите, а потоа и на дистрибутивните центри. Имаше рации на имотот на министерката Кристина ван дер Вал, како и пречекорување на полициските овластувања и пукање во земјоделец во трактор.

На дебатата во Стразбур за европските цели за биолошка разновидност, комесарката за животна средина, Вирџинија Синкевичиус изјави дека мерките за намалување на азот требало да се преземат порано и сигурно немало да има толку драстична реакција од земјоделците. Тој ја истакна важноста од спроведување на мерките за заштита на природата и наведе примери од Шпанија.

Меѓу холандските фармери кружат гласини дека стојат на патот на плановите на ЕУ за масовна миграција како дел од „Планот на ОН за замена на населението“ и дека тоа е причината за конфискацијата на нивните имоти.

Ним им се придружија земјоделци од Германија. Тие заедно го блокираа кружниот тек во Хиренберг во близина на границата.

https://www.youtube.com/watch?v=TIq_XnSkXS0

земјоделци ЕУ Масовни протести во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.