Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО): Снимка која сведочи дека малезискиот авион бил урнат со проектил

0
By Нова ТВ on July 18, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашенко во изјава за медиумите рече дека малезискиот авион бил соборен од проектил во насока земја-воздух, а на интернет веќе се појави и снимка која наводно го докажува тоа.

Видеото објавено на хрватскиот портал danas.net.hr укажува на тоа дека летот MH17 бил срушен со проектил, а се претпоставува дека акција e спроведена во областа Луханцк, на 80 километри северозападно од Донецк.

Авионот на „Малезија ерлајнс“ , летот MH17 од Амстердам до Куала Лумпур вчера се урна во Украина, при што загинаа сите 295 патници и членови на екипажот.

Украинскиот претседател Петро Порошенко пак, смета дека падот на малезискиот авион во источниот дел на земјата е чин на терористички акт, но негираше дека украинските сили учествувале во акција во некаква воздушна цел, јавуваат странските медиуми.

-Ова е трет трагичен случај во последните денови по авион Ан-26 и СУ-25 на украинските вооружени сили кои беа срушени од територијата на Русија. Нагласуваме дека вооружените сили на Украина не презеле акција против ниту една воздушна цел, а оние кои се виновни за оваа трагедија ќе бидат повикани на одговорност, изјави Порошенко.

Рускиот претседател Владимит Путин тврди дека авионот не би бил погоден доколку немаше граѓанска војна во Украина – конфликт за кој тој постојано ја повикува на одговорност централната власт во Киев.

„Би сакал да се напоменам дека оваа трагедија не би се случила ако имаше мир во таа земја, или во секој случај, ако непријателствата не продолжија во југоисточниот дел на Украина. И, секако, владата, затоа што се случи несреќата на оваа територија, е одговорна за оваа ужасна трагедија.”, изјави Путин на неговите советници, по моментот на тишина за загинатите патници во авионот.

По несреќата ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност. Американскиот претседател Обама повика на итно запирање на конфликтот и започнување на независна меѓународна истрага.

И германската канцеларка Меркел побара итна истрага, а портпаролот на германската влада рече дека Меркел ја шокирал сомнежот дека авионот е срушен од толку голема висина, но ако сомнежите се потврдат, тоа може да доведе во ескалација на судирите во источна Украина.

– Москва треба да ја признае својата одговорност за осигурување на мировен напредок во Украина каде е потребно да се постигне примирје за да се истражат причините за падот на авионот. Постојат многу индиции дека авионот е срушен и сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, рече таа. Овие случувања уште еднаш ни покажаа дека е нужно политичко решение и пред се дека Русија е исто така одговорна за она што се случи, рече Меркел на конференцијата за печат во Берлин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.