Бостонската телевизија Канал 7 news објави снимка на маж кој наводно се однесувал сомнително после експлозијата на маратонот во Бостон.
Тој, всушност, се движел забрзано во спротивен правец за разлика од другите луѓе после експлозијата.
Досега истражителите дошле до заклучок дека двете бомби биле направени од експрес лонец наполнет со парчиња метал скриени во најлонска кеса и оставени на земја.
Таквите направи најверојатно се дело на самостоен терорист кој ја составил бомбата во домашни услови.
Како што пишува CNN таквата бомба е многу слична на онаа која Ал Каеда им ја препорачува на своите следбеници.
Третата личност која загина во понеделникот во експлозија близу целта на бостонскиот маратон е кинески државјанин 23-годишниот Лу Лингзи, кој студирал во Бостон.
Предходно беше потврден идентитетот на двјацата загинати 8-годишниот Мартин Ричардс и 29-годишната Кристл Кампбел.