Уапсен е еден од најбараните британски криминалци Ендру Моран додека уживал покрај базен во Шпанија, јавуваат медиумите во Велика Британија.
Акцијата на Скотланд Јард била изведена во соработка со шпанската полиција.
Моран се најде на црната листа на британските власти откако успеал да избега од судница во текот на судење за вооружен грабеж на британската пошта во 2005 година.
Во ноември минатата година тој успеал да избегне апсење при бркотница со автомобили со шпанската полиција.