Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Убиени десет новинари и двајца полицајци

0
By Светлана Јовановска on January 7, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Видеото е со вознемирувачка содржина

Двајца или тројца маскирани лица влегоа денес во седиштето на Шарли Хебдо, француски сатиричен неделник и отвориле оган од калашникови. Париската префектура јавува дека има двнаесет убиени лица од кои десет новинари и двајца полицајци и дваесетина ранети лица.

Француските агенции јавуваат дека се убиени повеќе познати карикатуристи како Чарб или Волински. Сите се наоѓале во редакцијата на овој сатиричен весник бидејќи во среда се одржува неделниот состанок на редакцијата.

Една карикатуристка објаснува дека ги видела напаѓачите кога доаѓала во редакцијата. Таа се скрила под една маса и слушнала дека перефектно зборувале француски и велеле дека ова го прават во име ма Ал Каида.

Според полицијата станува збор за вистинска командо операција. Лицата влегле во редакцијата и почнале да пукаат врз сите присутни. Нападот почнал во 11.30 а потоа имало и размена на оган со полицијата. Од снимките на пукањето се слушаат извици “Алаху Акбар“.

На крајот напаѓачите убиле полицаец, па украле кола и удриле со колата во еден пешак. Потоа заминале пешки по што повторно украле друга кола и со неа заминале од местото а настанот.

Веднаш се организираше движење на солидарност со новинарите кое повикува веќерва во 19 часот на плоштадот на Републиката во Париз за одбрана на слободата на говорот и медиумите.

Весникот беше нападнат со молотов коктели во ноември 2011 година откако објави еден број од неделникот насловен Шариа Хебдо и во кој имаше карикатура на Мухамед. Нападот предизвика пожар кој ја натера редакцијата во текот на повеќе месеци да работи со седиштето на дневникот Либерасион.

Од овој прилог, пак, се гледа како новинарите бегаат по покривот од зградата во која се наоѓа редакцијата на медиумот и се кријат од рафалите на напаѓачите.

Post by FRANCE 24.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.