Непосредно пред да се повлече во засолниште, солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко, ја испеала песната „Командант Сава“,
Маргарита ја испеала партизанската песна додека се јавувала за црногорскиот портал Антена М.
Песната ја испеала со својот колега Јарослав Џус, кој свири на бандура – украински национален инструмент.
– Еве ја песната, како што ветив. Сега ни рекоа дека мораме да одиме во засолниште, па кога ќе можам, ќе ви испратам видео од ситуацијата во Украина, напишала таа за порталот.
Песната „Командант Сава“ е за легендарниот командант Сава Ковачевиќ, кој бил убиен од фашистите во битката на Сутјеска во 1943 година. Песната е многу популарна во редовите на украинската армија.