Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Украинската армија напредува 50 километри за три дена во регионот Харков, ослободен градот Балаклија

0
By Sashko on September 9, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави видео на кое се гледа како украинските војници известуваат за извршување на наредбата за ослободување од руските агресори, на градот Балаклија во регионот Харкoв. Видеото е објавено на профилите на претседателот Зеленски на социјалните мрежи, пренесува агенцијата Укринформ.

„Сè е на свое место. Знамето на Украина е во слободен украински град под слободното украинско небо! Ви благодарам! Се гордеам со вас! Грижете се! До победата! Слава на Украина!“ напиша Зеленски.

Како што е соопштено, вооружените сили на Украина ослободиле повеќе од 20 населени места во регионот Харков. Вкупно, повеќе од 700 квадратни километри се ослободени од руските сили во правците Харков и Јужен Бух.

Во регионот Харков, украинската армија напредува 50 километри за три дена

Одбранбените сили водат успешна контраофанзива во насока на Харков: со поддршка на локалното население, вооружените сили напредуваат речиси 50 километри во рок од само три дена, известува Генералштабот на вооружените сили на Украина.

„Противникот ги насочи своите напори на воспоставување целосна контрола врз територијата на регионот Доњецк, одржување на контролата врз привремено заземените области на регионот Херсон и делови од регионите Харкив, Запорожје и Миколаев. Нивните беспилотни летала постојано вршат воздушни извидувачки летови, додека непријателските сили продолжуваат да преземаат мерки за подобрување на снабдувањето на нивните војници“, се вели во соопштението.

Според Генералштабот, во некои области на регионот Херсон, единиците на руската армија се префрлаат на тактики на терористички напади насочени кон локални цивили. Според достапните разузнавачки информации, во населбата Велика Олександривка окупаторите го користат локалното население како жив штит. Селото е затворено за влез и излез, се наведува во сопштението.

„Украинските одбранбени сили херојски ја држат својата позиција, не дозволувајќи му на непријателот да напредува. Нашите бранители успешно ја одбија непријателската офанзива во областите Уда, Костјантиновка, Вирнопиља, Плоске, Мајорск, Безимен и Камијанка“, се вели во соопштението.

Според разузнавачките податоци од украинскиот Генералштаб, голем број непријателски единици претрпеле значителни загуби.

„Руските сили се обидуваат да го евакуираат ранетиот персонал и оштетената воена опрема во областите Вилхуватка и Бородјарске. Војниците се префрлаат во цивилна облека, обидувајќи се да дезертираат и да се вратат на територијата на Руската Федерација. Во текот на изминатиот ден биле пријавени повеќе од 15 вакви случаи“, се наведува во соопштението.

Извор: frontline.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.