Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Вклучени сирените за воздушен напад: Русите го бомбардираат Киев, погодена детска болница

0
By Ivana on February 26, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот преведувач на украинскиот претседател Јушченко, Александар Билкин во разговор за Си Ен Ен соопшти дека ракети паднале на детска болница во Киев.

⚡️Russian artillery fire has struck Kyiv’s children’s cancer hospital Okhmadyt, killing one child and wounding two, along with two adults, TSN reported.

Eyewitnesses reported that the city is under fire from multiple-launch rocket systems.

— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) February 26, 2022

Соопшто дека болницата е недалеку од зградата во којашто живее и рече дека наводно едно дете го изгубило животот.

Претходно украински ТСН објави дека Русите погодиле детска онколошка болница во Киев и дека наводно загинало едно дете, а повредени се две деца и двајца возрасни.

Информацијата ја пренесе и новинар на Би Би Си на својот Твитер профил. Се чека официјална потврда.

„Киев Индипендент“ објавува дека е прогласена воздушна опасност во неколку украински градови.

Војната во Украина влезе во третиот ден. Борбите не престануваат, има се повеќе жртви. Граѓаните ја напуштаат државата, функционерите повикуваат на преговори.

Sirens right now in Kyiv pic.twitter.com/14QDuibKOy

— Alexander Marquardt (@MarquardtA) February 26, 2022

Русите тврдат дека Зеленски го напуштил Киев.

На жителите на Киев им е забрането да ги напуштаат своите куќи до понеделник до 8 часот наутро, пренесуваат агенциите.

„Киев Индипендент“ објави дека страниците на Кремљ се урнати и дека во моментов не може да се пристапи до нив. Се додава дека украинската агенција за телекомуникации известила дека се урнати шест страници од руската влада. „Aнонимуси“, кои најавија дека започнуваат сајбер војна против Русите, пред еден час најавија дека ќе продолжат со нападите.

Дописникот на Гардијан на Твитер објави дека на сите руски единици им е наредено да напредуваат во сите сектори.

Тој додава дека руски агенции пишуваат дека наредбата дошла од Министерството за одбрана откако Украина ги одбила преговорите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.