Едно лице е повредено во пожар што избувна во воен комплекс во јужниот руски град Белгород, на границата со Украина, соопшти гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков кој рече дека локалниот жител се здобил со полесни повреди и не е во животна опасност. Тој, исто така, рече дека седум згради биле оштетени во пожарот.
Од Министерството за одбрана не се изјаснија за инцидентот, а причината за пожарот не е позната. Ројтерс не беше во можност да ја потврди вистинитоста на оваа информација.
На фотографии и видеа на твитер објавени на социјалните мрежи се гледа облак од чад кој се издига над градот.
Во друг случај, гувернерот на регионот Курск, кој исто така граничи со Украина, рече дека е оштетен железничкиот мост што го користат товарните возови.
Во видеото објавено на неговиот профил на Телеграм, гувернерот Роман Старовоит го нарече инцидентот саботажа. Минатиот месец Русија ја обвини Украина за хеликоптерски напад врз складиште за гориво во Белгород, за кој Киев не презеде одговорност, како и за бомбардирање на села и ракетирање на складишта за муниција.
Други руски области кои граничат со Украина, исто така, пријавија прекугранично бомбардирање откако Москва испрати илјадници војници во Украина на 24 февруари поради, како што велат, „специјална воена операција“.
I’ve geolocated this video of smoke rising and audible explosions in Tomarovka, Belgorod region, Russia, amidst reports of an explosion at an ammunition depot.
📍50.621512,36.240709
Details in thread 👇 pic.twitter.com/qOSTBhGIdM
— Moshe Schwartz (@YWNReporter) May 1, 2022