Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување во ТВ емисијата на „Курир“ „ Усијање“ изјави дека во вечерашниот разговор со Францускиот претседател Макрон . тој му рекол дека „ниту Украина ниту било кој друг нема да биде пред Србија во ЕУ“, и покрај сите овие големи геополитички разговори и тоа е важна вест за сите граѓани на Република Србија.
Вучиќ пренесе дека пред недела-две на премиер од ЕУ му кажал што ќе следува а овој не му верувал, а тоа било, како што изјави Вучиќ, зашто ги знаел актерите и затоа што знаел дека кога возот ќе тргне нема запирање, „ја научив таа историска лекција“, рече српскиот претседател.
Но, нема запирање и во барањата кон Србија и затоа нашата позиција е тешка и затоа кај мене нема насмевка, нема плачење но нема ни насмевка бидејќи знам колку е тешко, рече Вучиќ.