Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) За функционално Собрание потребна е јавна дебата

0
By Влатко Чаловски on May 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Функционирањето на парламентарната демократија, и особено Собранието беа фокус на денешната конференција насловена „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“.

Првиот говорник на конференцијата, новиот собраниски спикер, Талат Џафери, даде ветување пред граѓанскиот сектор, како и пратеници од сите партии во Собрание, освен од ВМРО-ДПМНЕ кои не присуствуваа, дека тој ќе биде целосно транспарентен и отворен за инцијативи за зајакнување на функционирањето на Собранието, но дека за тоа треба да придонесат сите 120 пратеници.

Како што рече Џафери, опозицијата не е само декор во Законодавниот дом, туку таа го дава целосниот легитимитет на секој Парламент, и таа треба да работи со парламентарното мнозинство на реализирање на реформите за враќање на државата кон евроатлантскиот пат.

„Без опозиција не можеме да зборуваме за парламентарна демократија. Притоа не мислам на опозицијата како декор, кој само ќе дава легитимитет туку, пред сè, на нејзината активна улога во сите процеси. Но, опозицијата треба да биде свесна дека парламентарното мнозинство треба да ја спроведе и да ја реализира својата програма, бидејќи врз основа на таа програма народот му ја дал довербата да ја води државата. Со конституирањето на парламентот, а наскоро и со избор на новата влада, ќе создадеме услови за почетокот на процесот со кој, како држава, но и како општество, ќе се вратиме на вистинскиот колосек кој води кон создавање функционална држава со самостојни и функционални институции што ќе работат, пред сè, во добробит на секој граѓанин. Тоа нема да се случи преку ноќ, но парламентарното мнозинство транспарентно покажува дека тоа е наша заедничка обврска“, рече Џафери.

Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт – Македонија, во своето обраќање потенцираше дека на Собранието му претстојат многу предизвици, но дека има одлична перспектива за да се движи напред.

Притоа, како што напомена тој, се избира Собрание, а не Влада.

„Парламентот во Македонија е тој што е избран од граѓаните, а не Владата. Затоа Собранието треба да ја контролира работата на власта, а не само да се притискаат копчиња и да се носат закони без вистинска дебата за нив“, порача Хеншоу.

Зборувајќи за немилите настани кои се случуваа на 27.априлм како една од причините за нападот на пратениците во Собранието, универзитетската професорка Беса Арифи го посочи немањето одговорност.

Арифи смета дека е многу важно граѓаните да бидат вклучени во Собранието преку процесите за носење на законите.

„Три главни поенти има за одговорно и транспарентно Собрание. Првата е одговорноста за секој напад сторен во Собранието кој треба да се идентификува како кривично дело а за жал тоа не го видовме по настаните во нашето Собрание. Секој напад мора да биде соодветно осуден и казнет. Второ, Парламентот мора да ја гарантира сигурноста на граѓаните. Таа не се гарантира со гласање на закони, каде 70 отсто од законите се носат по скратена постапка. Граѓаните не можат да ги следат сите законски измени. Трето, за законите треба да има повеќе јавна дебата и експертската јавност не само формално, туку и реално да биде вклучена во донесувањето на законите“, рече Арифи.

Според неа, начинот на кој Талат Џафери е избран за нов претседател на Собранието е тотално легитимен, и не се коси со Уставот, а иако за некои неочекуван, сепак вели таа, бил единствен начин за придвижување на демократските процеси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.