Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Заев по повод Денот на демократијата: Денес одлучуваат тие кои гласаат, а не оние кои бегаат

0
By Sashko on September 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот премиер Зоран Заев го честита Денот на демократијата на својата Фејсбук страница.

„Ова е време на соочување со пандемија и со војна. Време кое автократите сакаат да го искористат за уште поцврсто да завладеат со народот, држејќи го во страв и неизвесност. Но, нашиот народ е мудар и храбар. Со демократски глас ги спречивме оние кои сакаат со насилство и крв да ја убијат демократијата“, вели Заев во видео-пораката.

Денес, продолжува тој, одлучуваат тие кои гласаат, а не оние кои бегаат.

„Демократијата е глас. Гласот на секој еден поединец. Глас слушнат, разбран, уважен, испочитуван. Гласот на сите групи во нашето општество. На волонтерите, на извидниците, на земјоделците, на лекарите, на рударите… Секој еден од нив е важен во демократија. Го запревме Владеењето со народот. Денес имаме Владеење на народот“, наведува Заев.

Натаму додава дека „и кога го почитувате гласот на граѓаните, демократијата останува запишана како победник во историјата“.

„Горд сум на нашите граѓани кои не само што ги освоија слободата и демократијата, туку и ги негуваат и развиваат. Токму затоа – и кога бев тоа што бев, и кога сум тоа што сум, демократијата била, е и ќе биде мојот најголем идеал. Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата“, додава Заев во видео-пораката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.