Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Заев: Важно е што се дејствува координирано

0
By НОВА ТВ on August 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот Венко Филипче и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев вечерва од селото Тркање информираа за состојбата со пожарите кај Кочани.

-Претседателот Вучиќ рече ќе испрати два, три или четири хеликоптери, а помош најави и бугарскиот претседател Румен Радев. Помошта е потребна не само тука во Кочани, туку и во други региони низ земјава имаме пожари кои поради силниот ветер огнот се шири. Таков е случајот во Македонски Брод и делот меѓу Делчево и Пехчево“, рече премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека со него е министерот за здравство Венко Филипче.

-Имаме девет луѓе кои вдишеле чад и се на лекување во болница. Немаме други загрозени човечки животи. Важно е да знаат сите дека солидарноста во државава функционира. Целиот систем поставен преку ЦУК и ДЗС со противпожарните единици функционираат имајќи предвид дека денеска се лоцирани 13 пожари кој беснеат на територија на целата држава, изјави Заев.

Премиерот Заев кажа е дека е добро што се дејствува заеднички, а градоначалникот Илијев порача граѓаните на Кочани да бидат спокојни.

Градоначалникот на Кочани изјави дека од пожарот изгорени се кровните конструкции на два семејна дома, а од пожарот опфатен е и складот со дрвја на Национални Шуми.

– Пожарот продолжи да се движи по улиците каде има сува трева и навлезе навистина во тој дел од населбата Дрчевиќ и како што реков, две куќи се изгорени, односно два крова. За среќа, застана овде пожарот, успеа па да се спречи. Понатаму, продолжи да се шири во другиот правец на градот, односно преку улицата продолжи и го зафати складот за дрвја на Национални Шуми каде што се уште гори, меѓутоа дежураме со неколку возила и постоеше опасност да се прошири према централното градско подрачје каде што навистина беше загрижувачко, изјави вечерва градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Тој им се заблагодари на противпожарните служби на Град Скопје, Кавадарци, Велес, Свети Николе, Штип, Пробиштип, Каменица, Берово и од целиот Исток.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов,  изјави дека пожарат не бил испуштен од контрола, туку бил нов. Тој рече дека утрово армискиот хеликоптер го гаснел однот во Старо Нагоричане. Но, тој летал до пладневните часови, односно додека температурата надминала 40 степени. Потоа, вели Ангелов,  хеликоптерот бил приземјен, бидејќи техничките карактеристики не дозволуваат тој да лета кога температурите надминуваат 40 степени.

–Ние како ЦУК на прво место ја ставаме безбедноста на луѓето и во воздухопловот кој гасни и на луѓето кои го гаснат. Денеска токму тоа го постигнавме, бидејќи никој не загина, никој не е тешко ранет. Во попладневните часови во првиот момент кога температурата на воздухот падна за неколку степени, командантот на воздухопловниот винг повторно го крена хеликоптерот и истиот беше упатен кон Старо Нагоричане каде што беа зафатени неколку куќи и постоеше опасност од жртви. Хеликоптерот беше упатен во Старо Нагоричане. Во меѓувреме, се разви овој пожар којшто на почетокот беше далеку од куќите, но, ветрот којшто беше изненадувачки силен брзо го донесе во близина на куќите. Во разговор лично мој со командантот на вингот, едноставно немаше време хеликоптерот од Старо Нагоричане, каде што исто така беше неопходен, да дојде во Кочани, бидејќи немаше доволно гориво. Веќе доаѓаат доцните часови, како што кажа премиерот, кога ќе се стемни, кога ќе падне мрак, хеликоптерот не може да лета, изјави вечерва Ангелов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.