Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Златан Ибрахимовиќ одби да се сретне со дете болно од леукемија

0
By Нова ТВ on November 12, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Осумгодишниот Хајрудин Камењаш, кој боледува од леукемија и на кого му остануваат едвај месец дена живот според лекарите, отпатува од родната Босна и Херцеговина во Париз за да го запознае својот идол, фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, што била и неговата последна желба пред да почине. Иако родителите на малиот Хајрудин биле договорени за средбата со фудбалерот на 1 ноември, кога семејството стигнало на стадионот во Париз, им било кажано дека ѕвездата на Парис Сен Жермен (ПСЖ) е повреден и нема да може да си го исполни ветувањето.

Парискиот клуб им закажал нов состанок утредента наутро, семејството чекало над 5 часа за накрај да слушне дека повторно Ибрахимовиќ има “професионални обврски“ и нема да се појави. На крајот на денот, семејството дознало дека Ибрахимовиќ всушност го поминал попладнето на тениската утакмица на Новак Џоковиќ, раскажува Теа Рекиќ, која е дел од асоцијацијата што го организирала патувањето на момчето во Франција.

Ова не е прв пат фудбалерот да го “откачи“ малиот Хајрудин.

На почетокот на минатиот месец беше прв пат објавена потресната приказна на болното детенце чија последна желба во животот му била да го запознае својот идол, Златан. Кога Златан слушнал за Хајрудин бил толку трогнат што сними видео за него, во кое му вели дека не може да отпатува за Босна, но дека му испраќа од него потпишан дрес.

Бидејќи не можел да дојде, семејството се одлучило да отпатува во Франција со познатиот крај…
Амела, мајката на Хајрудин, вели дека се чувствува понижено, а на својот син одбива да му ја каже вистината за да не го повреди.

Пред да замине назад дома, Хајрудин му оставил на Златан цртеж и го замолил шоферот да му го предаде.

Теа Рекиќ, организаторката на патувањето изрази големо разочарување, но повика да не му се суди на фудбалерот пред да се дознае неговата верзија на настанатите. Одредени француски медиуми објавија дека Ибрахимовиќ воопшто не бил информиран од менаџерите кои ја договарале средбата за доаѓањето на малиот Хајрудин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.