Хип-хоп звездата Џејсин Беј, познат како Мос Деф, се подложи на присилно хранење во знк на протест спрема процедурата во затворот Гвантанамо за време на Рамазан. Ова видео за многумина може да биде вознемирувачко.
39-годишниот Беј одлучи да учествува во кампањата „Бори се за правда“ (Stand for Justice) која е темпирана за да се поклопи со почетокот на постот Рамазан, кој започна вчера.
Во овој четириминутниот филм организацијата за човекови права “Reprieve” и добитникот на наградата БАФТА, режисерот Асиф Капади, го подложија Џејсин Беј на процедурата „хранење“.
Затворот цо Гвантанамо е еден од најозологласените затвопри во светот. Таму се затворени сите обвинети за тероризам и таму затворениците трпат сериозна тортура.
Една од нив реши да ја помине и популарниот глумец “рапер“ Мос Деф. Во мометов над 12- луѓе штрајкуваат со глад поради нечовечките услови во кои се наоѓаат затворениците, најмногу муслимани, обвинети за тероризам.
Токму од тој затвор произлезе една од најлошите техники на мачење на денешницата наречена “waterboarding”, кога затвореникот го обесуваат со главата надолу и во уста му ставаат крпа намокрена со вода, па лицето има впечаток на константно давење, а не може да умре.