Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вие сте тука да ги критикувате политичарите

0
By Биљана Секуловска on September 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Немојте да ги воздигнувате, да ги обожувате, да им се восхитувате, да им се улизувате, да им ласкате, да ги величате политичарите, немојте да им се покорувате на политичарите. Токму за тоа гласаме на Референдумот за две недели- за европските, цивилизациски  вредности, длабоко вкоренети во старите демократии, за правата, слободите, против корупцијата, непотизмот, безвластието, неотчетноста, злоупотребите на политичарите.

Не верувајте во cѐ што ќе кажат политичарите, никогаш безрезервно, проверувајте, испитувајте, пронаоѓајте ги темните патишта по кои тие тргнале, мрачните мисли кои ги опседнале, бидете храбри и спротивставувајте им се тогаш, кога се сомневате во нив и нивните мотиви.  Никогаш немојте да се плашите од нивниот гнев, од нивниот студен поглед, од разочараноста која ќе ви ја соопштат, дека од вас се повредени, навредени, згрозени, тогаш кога им поставувате прашања и барате од нив одговори.

Колку и да заслужуваат политичарите да бидат славени, сакани, гласани, вие сте тука за поинакви, поголеми нешта.

“Вие сте тука да газите по главите на кралевите”- овој  автор ве повикува на притисоци врз главите на оние кои владеат, за никогаш да не заборават дека сте тука, подготвени да не им дадете ниту момент здив, ниту за миг мир, ниту малку слобода, тогаш кога сакаат да ја одземат вашата.

Вие сте тука да ги контролирате политичарите, да ги критикувате, да бидете нивен коректив, да ги преиспитувате, да ги соочувате, да ги испрашувате, да ги растресете. “Ласкањето го расипува и оној кој го прима и оној кој го упатува и додворувањето не им користи многу, ниту на обичните луѓе, ниту на кралевите”, ве потсетува Едмунд Берк, кој секогаш го препрочитуваме тогаш кога имаме дилеми- што со политичарите, како да ја сочуваме нашата слобода, нашите права, како да не ни одземат ништо од тоа што ни припаѓа.

Нивната самоувереност нека не ве плаши, спротивставете им се на нивната ароганција, понудете им аргументи, соочете ги со фактите, кажете им ја вистината, за нивната одговорност, отчетност, чест, принципи, морал, дека само со тие оружја се владее, тогаш кога се исправува владетелот, да им служи на оние кои го избрале.

Сите овие принципи, норми, поведенија на граѓаните и политичарите, нивните релации се устоличувани со векови во зрелите демократии, наспроти нашата тридецениска, премлада, кревка, кратка, нестабилна.

Токму за тоа гласаме на Референдумот за две недели. Да станеме поинакви, позрели, помудри, да ги искорениме старите, мрачни навики на груевизмот, да станеме подобри луѓе, затоа што тоа е можно и важно, пред се за нас, најмногу за нас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.