„За да стане членка на ЕУ, Македонија мора да ги реши проблемите со соседите. Да покаже дека се придржува до принципот на добрососедство и да ги реализира неопходните реформи, кои се очекуваат од Европската Комисија“, вели во интервју за бугарскиот весник 24 часа министерот за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин.
„Ова не е лесен процес, се случува бавно, но јас сум прилично оптимист, бидејќи за Република Македонија нема друг пат.
– Во моментов сме во процес на преговори за потпишување на договорот за добрососедство и соработка “, нагласува Вигенин и порачува ” македонската страна треба да го покани нашиот преговарачки тим.
– До овој момент таква покана сеуште не е дојдена, но ја очекувам во август или во првата половина на септември.
Постојат три посериозни спорни прашања. За нивно решавање е потребна силна политичка волја “, смета Вигенин.