Едвард Сноуден го напушти Хонг Конг денеска и отиде трета земја “, преку законски и нормален канал”, јавува Си-Ен, Ен, повикувајќи се на објавувањето на владата на Хонг Конг.
Тој замина со помош на претставници на Викиликс, кој му помагаат со Сноуден со “политички азил во една демократска држава, патни исправи (и) безбеден излез од Хонг Конг”, групата рече на Твитер. Според Си-Ен-Ен, земјата каде отпатувал е тајна, додека други светски медуми тврдат дека се работи за Москва.
Сноуден отпатува не после долго време откако САД побараа Хонг Конг да го екстрадира човекот од кој протекоа топ-тајните детали околу американските надзорни програми.
Владата на САД, исто така, побара од Хонг Конг да издаде привремена потерница за Сноуден, поранешен вработен во Агенцијата за национална безбедност, изјави Специјалниот административен регион во Хонг Конг.
Но официјални лица изјавија дека има проблеми со барањето за екстрадиција.