Интернет сајтот Викиликс објави пет видео снимки на кои екс- соработникот на американското разузнавање НСА е снимен додека вечера со група поранешни американски функционери и службеници кои станале дошепнувачи на медиумите и каде тој ја прима наградата „Сам Адамс“.
– Ние имаме извршна власт, Министерство за правосудство, кои не се наклонети да ги гонат високите функционери кои ги лажеа Конгресот и земјата. Но, ништо нема да ги спречи да го гонат некој кој им ја кажал вистината – вели Сноуден на една од снимките.
Сноуден, на 1. август доби привремен азил во траење од една година за престој во Русија, откако повеќе од еден месец мина во транзитната зона на московскиот меѓународен аеродром Шереметјево.