Човекот кој предизвика вистинска бура во јавноста, Едвард Сноуден е безбеден и “веројатно едноставно релаксиран,” изјави портпаролот на Викиликс Кристин Храфснсон, јавува Си-Ен-Ен.
Во меѓувреме, Венецуела нема добиено барање за азил, но доколку тоа би се случи, “ние би го разгледале” , изјави лидерот Николас Мадуро.
Владимир Путин кој вчера на светската јавност и соопшти дека Сноуден се наоѓа во Русија изјави денеска дека нема намера го предаде на американските власти.
САД бара за помош во апсењето на поранешниот вработен за американската национална безбедност , кој е обвинет за одлевање на тајни, но досега ниту една земја не и помогна, почнувајќи од Хонг Конг, каде Сноуден најпрво замина , до Русија и конечно, до земјите кои се евентуална опција за Сноуден- Еквадор и Венецуела.