Виктор Лилчиќ доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, кој се наоѓа во домашен притвор.
>>Паско Кузман и македонската археологија
На вчерашната седница на Владата официјално бил констатиран престанокот на мандатот на досегашниот директор Паско Кузман. Тој пред неколку месеци ги исполни условите за старосна пензија, но, остана на чело на институцијата до назначувањето на новиот директор.
Виктор Лилчиќ е професор на Филозофскиот факултет и доктор на археолошки науки, тој самиот се пријавил на првиот јавен повик на Владата за ангажман на раководни функции.
Мандатот директор на Управата трае четири години.