Најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс вложи многу труд за да ја елиминира Светлана Кузњецова со 2:1 (6:1, 3:6, 6:3), со што помладата од сестрите Вилијамс се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос за прв пат по 2003 година.
Серена во полуфиналето ќе игра против Италијанката Сара Ерани, која во четвртфиналето беше подобра од Агњешка Радванска со 2:0 (6:4, 7:6).
Втората полуфинална двојка ќе биде формирана во среда, кога четвртфиналните мечеви ќе ги одиграат Марија Шарапова и Јелена Јанковиќ, односно Марија Кириленко и Викторија Азаренка