Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Високо ниво на загаденост, мерките сепак се повлекуваат

0
By Менче Атанасова Точи on January 9, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје и Тетово се уште имаат високо ниво на загаденост, покажуваат податоците на Министерството за животна средина. Во Скопје најголема загаденост е измерена кај Ректоратот, каде дури за два и пол пати е зголемена концентрацијата на ПМ10 честичките и изнесува 122.4 µg/m3.

Само за споредба највисоката гранична вредност на дозволено количество на ПМ10 честичките е 50 µg/m3. Населбата Лисиче е втора по загаденост со 103.0 µg/m3, а не помалку се загадени и Центар и Карпош. Нема податоци каква е загаденоста на воздухот со овие опасни по здравјето на луѓето честички, а загаденоста не се мери и во повеќе градови во државата.

И покрај ова нема да се воведуваат нови мерки во врска со квалитетот на воздухот, а остануваат да важат само препораките за граѓаните. Така одлучи Владата на последната седница кога била разгледана информација на Министерството за животна средина во врска со квалитетот на амбиенталниот воздух.

– Најновите податоци покажуваат дека концентрациите на материи и честички во воздухот од пред дваесетина дена се видно намалени и се очекуваа нивното количеството во идниот период да остане во овие прифатливи граници. Владата препорачува и понатаму максимално да се внимава на квалитетот на огревниот материјал кој се користи, да се возат што е можно помалку автомобили и населението помалку да се изложува на отворено, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за животна средина и просторно планирање.

Од таму потсетуваат дека престанаа да важат мерките за ослободување од работа на лицата со возраст над 60 години, бремените жени и лицата со астма, како и организирање на работите на отворено во временскиот интервал од 11 до 17 часот.

Скопје и Тетово и покрај топлото време продолжуваат да се гушат во магла.Опасните честички, иако не се гледаат предизвикуваат штета по здравјето на луѓето. Лекарите потенцираат дека загадувањето предизвикува иритирање на дишните патишта и дополнителни здравствени проблеми.

-Загадувањето на воздухот може да предизвика сериозни проблеми по здравјето на луѓето кои можат да бидат акутни со појава на течење на нос, печење на очи, надразнителна кашлица , но и хронични кои се поопасни и може да доведат до Хронична опструктивна болест и малигни заболувања на белите дробови, што е водечка причина за смртност во последните години изјави за НОВА доктор Деска Димитривеска пулмо-алерголог, во екот на најголемото загадување. .

Министерот за животна средина Адеми посочи дека големите загадувачи работат со намален капацитет, односно го имаат намалено производството за 30 проценти.

Загадувањето иако е намалено во последните денови , сепак останува во категоријата „високо“, што не ги амнестира надлежните да превземаат мерки за заштита на здравјето на граѓаните предупредуваат стручњаците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.