Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала сарком, од кој починала девојка, објави агенцијата Мета.
– Саркомот е карцином во сврзното ткиво, не се знае што го предизвикува. Има ризик фактори, но меѓу нив не се споменува вакцинацијата. Вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. мРНК вакцините не ја менуваат нашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак, пишува на официјалната страница за вакцинација во Р. Северна Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Тврдењето дека карциномот и вакцинацијата се поврзани е комплетна импровизација, вели Вистиномер.
Последните пет недели од својот живот девојката ги поминала врзана за кревет.